Гурман Ќоше / Gurman Kjoshe

Cashback & Shopping Points

  • 3% Cashback Deal* Сега 3% наместо 1% Cashback Валиден од 12.4.2024 до 31.12.2024
  • * Со Cashback Deal, ги откупувате вашите Shopping Points и ви се припишува повеќе Cashback. За да го направите тоа, мора да имате доволно Shopping Points на вашата сметка на myWorld, кои ќе бидат откупени во myWorld за Cashback Deal.Потоа, вашите Shopping Points автоматски ќе се одземат од вашата сметка на myWorld.

  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис

Јунешкото, телешкото и пилешкото месо кое го користиме во нашите производи, е исклучиво свежо и води потекло од познати домашни сертифицирани фармери.


Месните производи на Гурманско Ќоше како што се ќебапите, плескавиците и колбасите, се изработени исклучиво од 100% јунешко месо, сол и суви зачини.


Нашите производи не содржат адитиви, конзерванси и засилувачи на вкусот како што е случај со многу месни производи кои не опкружуваат на секој чекор, не водејќи сметка за последиците кои ги причинуваат истите кај децата и возрасните.


Поради тоа ви ја откриваме нашата тајна во рецептот на подготовка на нашите месни производи, а тоа е 100% свежо месо.


Сакаме да ве запознаеме накратко и со готвените традиционални супи и чорби кои ви ги нудиме, кои исто содржат свежо месо.


Во одредени готвени јадења , супи и чорби и сите салати, користиме висококвалитетно ладно цедено маслиново масло, за кое не треба да ве запознаваме какви предности има во споредба со другите рафинирани масла. 
Што се однесува на киселините кои ги користиме во Гурманско Ќоше се исклучиво на природна база како: лимон, јабуков и вински оцет.


И за крај,


Почитувани наши потрошувачи и гурманџии, само 100% свежо, 100% квалитет и 100% здраво.


Се гледаме!
 

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Гурман Ќоше / Gurman Kjoshe?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.